Ерменија ни доаѓа во Скопје со одличен стратег – Капарос им е нов селектор

Хоакин Капарос е нов селектор на Ерменија, што е одлично засилување за репрезентацијата што е со Македонија во групата за новото издание на Лигата на нациите.

Поранешниот тренер на Севилја ги прифати предизвикот и понудата на Ерменската федерација и ќе ги води во следниот циклус од Сегментот Ц во Лигата на нациите, односно до крајот на квалификациите за следниот Мундијал што ќе завршат во ноември 2021 година.

Капарос има 64 години и одлично реноме во шпанскиот фудбал. Беше тренер на Севилја во два наврати, а беше и на клупата на Атлетик Билбао, Вилјареал, Депортиво Ла Коруња, Мајорка, Леванте, Гранада и Осасуна.

Ерменија ќе ни биде прв гостин во Скопје во премиерниот меч на второто издание на Лигата на нациите на 5 септември годинава.

- Оглас -

Најнови вести