Ерменците останаа без селекторот Капарос за дуелот со Македонија

Хоакин Капарос нема да ја предводи репрезентацијата на Ерменија против Македонија на 11 ноември во Ереван по исклучувањето вчера, на дуелот со Романците.

Капарос протестираше по една одлука на судијата Даниеле Орсато и доби црвен картон во 69-тата минута. Тоа автоматски значи суспензија најмалку од еден меч, а следниот за Ерменија е против нашата репрезентација во претпоследното коло од Ј групата во квалификациите за настап на СП во Катар.

Двете селекции сè уште имаат шанси за второто место во групата, откако веќе е јасно дека Германија сигурно ќе биде прва и веќе се квалификува директно на Мундијалот.

Романија е фаворит за второто место на кое е моментно со 13 бода на две кола до крајот и ако ги победи отпишаните, Исланд на домашен терен и Лихтенштајн на гости, тогаш Македонија и Ерменија ќе останат без учество на шампионатот во Катар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести