Ерос не покажа ич љубов – Албанскиот репрезентативец фатен жив како го удира соиграчот на Велковски (Видео)

Албанскиот репрезентативец Ерос Грезда ќе има големи проблеми по нападот врз противничкиот играч Антонио Чолак и ударот со бокс по куп-мечот меѓу Риека и Осиек.

Инцидентот се случи во тунелот на „Руевица“, каде што играчите на двете екипи ги чекаа автобусите за да си заминат дома. На снимката од камерите што се поставени на стадионот јасно се гледа како Грезда, кој е играч на Осиек, го удира со тупаница домашниот фудбалер на Риека, Чолак.

Случајот е пријавен во полиција и е најавена истрага, па јасно е дека Грезда ќе има многу проблеми. Албанскиот репрезентативец изјави дека бил провоциран од Чолак на национална основа.

Инцидентот по мечот и нападот на Грезда врз Чолак погледнете го ОВДЕ.

Полуфиналето меѓу Риека и Осиек беше исклучително возбудливо, а гостите прокоцкаа предност од 2:0 и загубија со 3:2.

За Риека во 54-тата минута при резултат 0:2 во игра влезе македонскиот репрезентативец Дарко Велковски и одигра одлично, а неговиот тим направи подвиг и со трите гола од 66-тата до 86-тата минута победи со 3:2 за финале против Локомотива Загреб.

Токму над Велковски беше напреван пенал во 74-тата минута што го реализира Чолак за 2:2 и тој момент беше иницијална каписла за инцидент и на теренот, но и потоа.

- Оглас -

Најнови вести