Есенски попуст за Брадата – Краудер настрада ни крив, ни должен (Видео)

Џејмс Харден по 80-ти пат во кариерата ја мина границата од 40 поени и сега е петти кошаркар во историјата на НБА во таа категорија, но имаше и попуст кај судиите на дуелот со Мемфис.

Во финишот на мечот, популарниот Брада го фаулираше Џеј Краудер во напад, но судиите, за чудо, му досудија прекршок на кошаркарот на Мемфис, кој потоа се изнервира и беше исклучен.

https://twitter.com/OKCTHUNDERAlex/status/1191563560616202240?s=20

Харден со новите 40+ поени (постигна 44), и тоа по 80-ти пат во кариерата, го мина Ален Ајверсон на петтата позиција и беше најзаслужен за победата на Хјустон против Мемфис од 107:100.

- Оглас -

Најнови вести