ЕСПН со сценарио: Роналдо доаѓа во Скопје да се бори за пласман на Светско против Македонија

Реакциите околу фактот дека Кристијано Роналдо и Португалија во последното коло на свој терен ја испуштија шансата за директен пласман на Светското првенство во Катар, не стивнуваат. Реномираниот англиски медиум ЕСПН во својата анализа објаснува дека ова треба да биде најдраматичниот бараж за Мундијалот на европските селекции.

За прв пат, во баражот ќе учествуваат 12 репрезентации, а само три одат на планетариот собир. За прв пат ќе има полуфинале и финале, а 12-те селекции ќе бидат поделени во три групи со по четири репрезентации. Во секоја група ќе има два носители и два неносители, а на крајот само најдобрата репрезентација ќе оди на Мундијалот во Катар.

Во анализата на ЕСПН се најавува можно сценарио Кристијано Роналдо и Португалија да гостуваат во Скопје на Македонија за пласман на СП. Тоа може да се случи само во финалето, затоа што во евентуалното полуфинале, носителите ја имаат предноста на домашен терен.

„Самиот формат најавува дека ќе има голема неизвесност и драматичност. За неутралните фанови тоа ќе биде спектакл, но за навивачите чии репрезентации се дел од баражот тоа е голема неизвесност. Ќе има три фајнл-фор турнири, со по еден меч во полуфинале и финалето. Сите опции се можни, а замислите Кристијано Роналдо и Португалија да гостуваат во Скопје и да играат против Македонија за пласман на Светско првенство“,стои во дел од анализата на ЕСПН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести