Ете и тоа се случи, Баерн Минхен загуби за првпат во 2020 година, и тоа убедливо! (Видео)

Играњето помеѓу два меча на кои се доделува пехар, се покажа како кобно за триумфалната серија на моментно најдобриот тим на светот, Баерн Минхен. Баварците после победата во четвртокот над Севилја во европскиот суперкуп, в среда имаат германски суперкуп против Борусија Дортмунд, па тренерот Флик денеска на гостувањето кај Хофенхајм реши да тргне без Левандовски, и противникот го искористи тоа.

Денеска не му беше денот на Баерн, тоа се виде откако рано се најде во негатива од 0-2, намалија на 1-2, во 57-ма минута влезе и Левандовски во игра, но едноставно не одеше. Хрватот Крамариќ со погодок за 3-1 во 77-ма минута, ја најави победата, која тој ја потврди со гол од пенал во 91-ва минута за конечни 4-1. Крамариќ има дури пет гола сезонава.

За Баерн заврши серијата од 32 меча без пораз. Баварската машина на официјален меч немаше пораз од 7 декември 2019 година наваму. Тогаш загубија од Борусија Менхенгладбах, а сега мораа да му честитаат на Хофенхајм кој сезонава во Бундеслигата ја почна со две победи. Лоша вест за Хофенхајм е повредата на Бичакчиќ, кој го даде првиот гол, но го повреди коленото, можеби ги скина лигаментите, и мораше да излезе од игра.

Ова е голот на Крамариќ кој ги уништи надежите на Баерн дека ќе избегне пораз:

- Оглас -

Најнови вести