Ето јуниор не може да игра за Камерун, виновен е претседателот на државата!

Мундијалот за фудбалери до 17 години кој почнува на 26-ти октомври и ќе трае до 17-ти ноември, репрезентацијата на Камерун ќе мора да го игра без услугите на Етиен Ето, синот на еден од најдобрите африкански напаѓачи во историјата, Самуел Ето. Причината за неиграњето на младиот Ето е декрет од претседателот на државата.

Кај Шпанија на СП ќе го нема Ансу Фати, Бразил ќе биде ослабен со неиграњето на Реиниер кој даде три гола на последните пет меча за првиот тим на Фламенго.

Етиен Ето е член на младинскиот тим на Мајорка, и беше повикан од селекторот Томас Либих, но еден претседателски декрет од 2014 година, го попречува настапот на Ето. Пол Бија, кој е претседател на Камерун уште од 1982 година, има потпишано документ со кој се забранува во решрезентациите за фудбалери до 17 и 15 години, да играат таленти кои не настапуваат во камерунски клубови.

Освен Ето, Камерун од оваа генерација има уште еден играч кој настапува надвор, поточно во Рома. Станува збор за Барел Фотсо. Камерун на СП е во група со Шпанија, Аргентина и Таџикистан.

- Оглас -

Најнови вести