Еуфорија во Торино – првиот ден од јули е резервиран за Де Лихт

Во просториите на Јувентус деновиве е доста раздвижено. Со назначувањето на Маруицио Сари за нов тренер се заангажираа и луѓето одговорни за трансфери. Пристигна Лука Пелегрини од Рома, веќе е најавено доаѓањето на Адриен Рабио, но сите го чекаат холандскиот супер-талент, Матајс Де Лихт.

Италијанскиот првак „ги запали“ своите навивачи со кратката видео најава на официјалниот „Твитер“ профил. Утрешниот ден е резервиран за капитенот на Ајакс, кој ќе потпише петгодишен договор според кој ќе заработува 7,5 милиони евра по пресметан данок, додека 4,5 милиони евра ќе ги добива според одредени бонуси.

Ајакс ќе инкасира 67 милиони евра, додека 13 милиони ќе ги добиваат постепено во бонуси.

- Оглас -

Најнови вести