Еуро Никел го декласира Пелистер и му ја подари „единицата“ на МЗТ Скопје за плејоф

Еуро Никел одигра фантастичен меч и го декласира Пелистер со 94:70 во претпоследното коло од Суперлигата на Македонија, со што му донесе голема радост и на актуелниот првак МЗТ Скопје.

Аеродромци сигурно ќе ја имаат стартната позиција број 1 во плејофот по поразот на битолчани вечерва во Кавадарци.

Еуро Никел ќе ја има третата стартна позиција, што треба само да ја потврди со победа против Феникс во последното коло.

Вечерва кавадарчани неочекувано лесно го декласираа гостинот од Битола, а клучна беше третата четвртина што ја добија со 31:12 и направија недостижна разлика од 24 поени пред стартот на последниот период од 10 минути.

Бранислав Џекиќ беше најефикасен кај Еуро Никел со 16 поени, Дубински даде 15, а Калахан е трет стрелец со 13 поени.

Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Пелистер, Игор Кесар, но битолчани го загубија првото место пред плејофот за титулата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести