Еурофарм Пелистер од готово направи вересија, доволно само за реми со Шафхаузен

Еурофарм Пелистер не успеа да ја забележи првата победа во новото натпреварување на ЕХФ, Лигата на Европа, откако прокоцка огромна предност од 7 гола што ја имаа битолчани во првото полувреме против Кадетен Шафхаузен.

Мечот во драматична завршница заврши нерешено 25:25, а гостите израмнија со погодок на 7 секунди до крајот. Битолчани се обидоа да постигнат победнички гол, но ударот од голема далечина не ја погоди целта во последните секунди.

Пелистер одигра одлично прво полувреме, имаше 7 гола разлика, а на пауза меѓу двете полувремиња замина со предност од 16:10.

Пресвртот почна на 15 минути до крај, кога гостите намалија само на три гола, а потоа и израмнија на 22:22 и за првпат и поведоа на  мечот во 54-тата минута со 23:24.

Сепак, битолчани имаа меч-топка откако поведоа со гол од седмерец, но не издржаа, па примија гол за реми 25:25.

Стипе Мандалиниќ со 6 гола беше прв стрелец во домашниот табор, а Пелистерци немаа решение како да го сопрат најефикасниот ракометар на мечот Шелкер, кој постигна 7 гола за Кадетен Шафхаузен.

- Оглас -

Најнови вести