Еурофарм Пелистер за следната сезона донесе голман кој бранеше за Хрватска на ЕП 2024

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека потпишале двегодишен договор со хрватскиот репрезентативен голман со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ.

Ивиќ кој има 31 година, доаѓа во Битола како слободен ракометар по истекот на договорот со француски Шамбери.

Овој 195-сантиметри висок загрепчанин кариерата ја започна во матичниот клуб, па играше во Киелце, Гумерсбах, Целје Пивоварна Лашко, па пак назад во Загреб и минатата сезона во Шамбери. Ивиќ настапи и на последното Европско првенство во Германија.

Официјалното претставување на Ивиќ во Битола е предвидено на крајот на месец мај.

Пелистерци вчера објавија дека нивен голман во следната сезона ќе биде и Никола Митревски.

Ова може да значи дека ќе си оди и Марко Кизиќ кој ќе бара клуб во кој ќе брани стандардно.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести