Еве го победникот на денот – Се шегува или не, легенда на Манчестер јунајтед објави дека тој е новиот менаџер (Видео)

Ерик Кантона објави видео на „Инстаграм“ во кое се најави како нов менаџер на Манчестер јунајтед.

Кантона е легенда на Црвените ѓаволи и на загонетен начин објави дека тој го презема кормилото на најтрофејниот англиски клуб со 20 титули.

Пред неколку дена Оле Гунар Солскјер доби отказ, а привремено менаџер е Мајкл Карик, кој дебитираше одлично, со победа од 2:0 против Вилјареал во Лигата на шампионите.

Ниту англиските, ниту останатите медиуми не ја потврдија информацијата, па нејасно е дали Кантона се шегува или е избран да биде нов менаџер на Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести