Еве како се слави освоен куп: играчите на дистанца, ама сите го допираат пехарот (Фото)

Екипата на Ред Бул Салцбург со лесната победа од 5-0 над второлигашот Австрија Луштенау во финалето на австрискиот куп, ја докажа својата доминација во клупскиот фудбал во својата земја. За Салцбург, ова е седми куп трофеј во Австрија. Но, она што е најинтересно, беше што Салцбург даде пример како ќе изгледаат прославите на клубовите кои ќе освојуваат трофеи.

На подиумот, фудбалерите се развлечени далеку повеќе од нормално, нема гушкање, туку за секој посебно си имаше крукче во кое требаше да застане. Ја нема онаа препознатлива „фамилијарна“ слика. Но, од друга страна сите го допираа и креваа победничкиот пехар, што истотака може да биде ризично во некои случаи.

 

Посебна приказна беа фановите. Ги немаше на трибините поради забраната, па тие средбата ја гледаа групно, но седнати во автомобили, пред еден голем екран.

Како ли изгледа кога вашиот тим ќе постигне гол и ви доаѓа да скокнете од радост, а вие сте седнат со тесен простор, во кола?

- Оглас -

Најнови вести