Еве зошто Ливерпул се откажа од Вернер: Клоп го пикира Адама

Ливерпул беше фаворит за потписот на Тимо Вернер, но напаѓачот на Лајпциг одлучи кариерата да ја продолжи во Челзи откако условите за трансфер се договорени. Актуелниот европски првак се откажа од битката за потписот на Германецот поради една причина, Клоп се премислил и одлучил да тргне по потписот на Адама Траоре.

Брзоногото крило на Вулверхемптон кое потекнува од школата на Барселона оваа сезона се истакна на добар начин во Премиер лигата и го привлече вниманието на гигантите. Англиските медиуми шпекулираат дека Ливерпул ќе подготви понуда до 60 милиони евра, иако од нивниот табор велат дека нема да трошат многу пари во летниот преоден рок.

Јасно е дека по пандемијата со корона-вирусот, фудбалските клубови нема да располагаат со големи буџети за нови засилувања, а Ливерпул веројатно ќе троши само на еден играч, токму за Траоре. Пред да се прекине сезоната, Шпанецот со потекло од Мали забележа четири гола и седум асистенции во Премиер лигата, а статистикчи е најдобар дриблер во шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести