Еве зошто Родриго му се обраќа на Модриќ со „тато“, Лука е врсник со татко му (Фото)

Бразилскиот фудбалер Родриго кој вчера со два гола ја најави победата на Реал Мадрид против Еспањол, а со тоа се потврди и 35-тата титула за Кралскиот клуб во шпанското првенство, после мечот се сликаше со својот биолошки, и со фудбалскиот татко.

Родриго кој во јануари наполни 21 година, од почит кон соиграчот Лука Модриќ со кого е во одлични односи, често на шега му се обраќа со „тато“. Модриќ има 36 години, во септември ќе наполни 37, и само една година е помлад од вистинскиот татко на Родриго.

Таткото на Родриго се вика Ерик, и има играно фудбал како десен бек. Тој е роден во јули 1984 година, и само 14 месеци е постар од Модриќ, па затоа и Родриго во Хрватот гледа свој татко во соблекувалната на Реал и ги слуша советите од фудбалскиот мајстор.

- Оглас -

Најнови вести