Евертон бара замена за Бенитес, топ-кандидат е големата легенда што почна да игра фудбал кај нив

Вејн Руни е главен кандидат за нов тренер на Евертон по отказот што Карамелите му го врачија на Рафаел Бенитес.

Руни моментно е менаџер на второлигашот Дерби каунти, но е подготвен за поголем предизвик во тренерската кариера и деби во таа улога во Премиер лигата.

Вејн е една од најголемите англиски фудбалски легенди, а интересно е што ако се реализира трансферот, тој ќе се врати во клубот каде што почна да игра фудбал.

Евертон му е матичен клуб и таму пристигна како 11-годишно момче. Од 1996 до 2002 година беше дел од Академиите на Евертон, а потоа до 2004 година играше и како сениор за Карамелите.

Најголемиот дел од кариерата го мина во Манчестер јунајтед, од 2004 до 2017 година, и потоа пак играше една сезона за Евертон пред да се пресели во Ди-Си Јунајтед во МЛС-лигата во 2018 година.

Играчката кариера ја заврши лани како играч и тренер на Дерби каунти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести