Евертон е во големи проблеми, одземање бодови му се заканува уште на еден премиерлигаш

Речиси пред два месеца екипата на Евертон беше казнета со одземање девет бодови поради кршење на финансискиот ферплеј, односно големата загуба при реализацијата на трансферите. Сега британските медиуми најавуваат дека клубот може да се соочи со нова казна, а загрозен е и уште еден премиерлигаш.

Според правилата, на екипите им е дозволено да имаат финансиска загуба од 105 милиони фунти за три сезони. Евертон има 124,5 милиони фунти загуба при трансферите, но во уште поголеми проблеми е Нотингам форест, кој има неверојатни 230 милиони загуба.

Двете екипи се борат за опстанок, а евентуалното одземање бодови само уште повеќе ќе ги турне кон испаѓање во Чемпионшип дивизијата.

- Оглас -

Најнови вести