Евертон „гази“: Израмнет рекордот од 1938/39, ако се повтори таа сезона, Карамелите ќе бидат шампиони

Евертон синоќа на убедлив начин го елиминира Вест хем од Лига купот на Англија. Карамелите славеа со 4:1, а Доминик Калверт-Левин постигна хет-трик и стана првиот играч во клубот што во последните 28 години постигнал три гола во средба од Лига купот. 

Од почетокот на сезоната, Евертон стигна до шестата победа по ред во сите натпреварувања, со што израмни еден дамнешен рекорд. Од далечната 1938/39, Евертон немал старт со шест победи, а тогаш клубот стигна до титулата првак во Англија.

Во првиот меч сезонава Евертон со 1:0 го победи Тотенхем, а потоа славеше со 3:0 над Салфорд во второто коло од Лига купот. Потоа следуваше победа од 5:2 над Вест Бромвич албион во Премиер лигата, па елиминација на Флитвуд со 5:2 во Лига купот. Петата победа во низа беше над Кристал палас на гости со 2:1, а синоќа со радоста над Вест хем го израмни клупскиот рекорд, кој датира повеќе од 80 години.

Евертон има шанса и за седма победа едно по друго, и тоа в сабота против Брајтон, во рамките од четвртото коло во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести