Манчестер сега не чекаше судијата да свирне крај, па да го победи Брајтон

Манчестер јунајтед вторпат само за четири дена триумфално си змаинува од гостувањето кај Брајтон. Во саботата овие екипи играа во Премиер лигата, а Манчестер победи со 3:2. Тоа беше најчудниот меч затоа што погодокот за победа Црвените ѓаволи го дадоа откако судијата отсвири крај на средбата. Што се случуваше на таа средба, може да видите ТУКА.

Вечерва Брајтон и Манчестер играа во Лига купот, а гостите беа убедливи со 3:0. Мектомини погоди за фаворитот во 44-тата минута, а во второто полувреме стрелаа и Хуан Мата и Пол Погба за сигурен триумф и пласман во следната фаза.

Со 3:0 на гости, и тоа кај Барнли, победи и Манчестер сити, а најефикасно беше на дуелот Евертон – Вест хем, каде што домаќините се радуваа со 4:1. Доминик Калверт-Левин постигна хет-трик и тој е првиот играч на Евертон кој дал три гола на еден меч во Лига купот во последните 28 години.

 

- Оглас -

Најнови вести