Евертон го продолжи сонот за настап во Европа Лигата

Евертон постигна два гола за 180 секунди и успеа со 2:0 да го победи Барнли, со што ги задржа теоретските шанси за настап во Европа следната сезона.

Популарните „карамели“ поведоа со автоголот на Бен Ми во 17. минута, а веднаш потоа во 20. минута Колеман ја дуплираше предноста на домаќинот.

До крајот на мечот немаше голови, остана 2:0, а со денешните бодови во премиерниот меч од претпоследното коло во Премиерлигата, Евертон се проби на осмата позиција со 53 бода, еден помалку од Вулверхемптон.

Постои варијанта во Англија и седмопласираната екипа да учествува во квалификациите за Европа Лигата, а Евертон со 15-та победа во шампионатот остана во игра за настап на евросцената.

- Оглас -

Најнови вести