Евертон ќе има нови сопственици, американски конзорциум ги спасува Сините од Ливерпул

Се чини дека се ближи крајот на маките на Евертон. Тие се во големи проблеми и на финансиски и на резултатски план уште од 2016 година, кога клубот го купи Фархад Мошири.

Според информациите од Островот, американската компанија „777 партнерс“ е заинтересирана и ќе го купи клубот и ќе се обиде да го извлече од големата криза.

Евертон дополнително „заглави“ со изградбата на новиот стадион, кој ја уништи финансиската состојба во клубот. Дополнително, следниот месец од Евертон ќе мора да ја презентираат целокупната доументација за финансиското работење на клубот пред независна комисија која го истражува нивното евентуално кршење на финансискиот ферплеј.

- Оглас -

Најнови вести