Евертон на болен начин го отвори новиот стадион, првиот стрелец е фан на Ливерпул (Фото)

Младиот Харисон Ример влезе во историјата на новиот стадион во Ливерпул, „Брамли Мур“, на кој во иднина како домаќин ќе игра Евертон, стана стрелец на првиот гол на овој нов објект, а фановите на Карамелите уште долго ќе го паметат ова момче, и тоа по лошо.

Не е проблем што Ример игра за 18-тиот, тимот на Виган, туку откако даде гол, се сврте кон публиката (дозволено беше да има 10.000 навивачи),и со прсти им го покажа бројот 6, што е бројот на европски титули кои ги има градскиот ривал на Евертон, Ливерпул.

Новиот стадион на Евертон има 50.000 седишта и денеска за првпат беше тестиран на меч помеѓу јуниорските екипи на Евертон и Виган.

- Оглас -

Најнови вести