Евертон од еден шут му даде гол на Сити и не загуби, Њукасл дома разочара

Манчестер сити ги разочара своите навивачи во последниот меч од 2022 година, откако одигра само 1:1 против Евертон во меч од 18. коло на Премиер лигата. Граѓаните имаа целосна доминација со преку 70 отсто посед на топка, дури 15 шута кон голот на гостите, но на крајот домаќините останаа само на голот на Ерлинг Халанд во 24 минута од мечот.

По водствот, Сити ја контролираше играта, но шок за домаќините приреди Греј со погодокот во 64 минута. Тоа беше прв и единствен шут на гостите во рамките на голот на Сити, доволно за да стигнат до 1:1 и да останат непоразени на ова гостување.

На свој терен разочара и Њукасл кој одигра без голови против Лидс. Радост за домаќините денеска донесе само Фула, кој со 2:1 беше подобар од Саутемптон.

Последниот меч за оваа година ќе се игра на теренот на Брајтон каде ќе гостува лидерот Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести