Манчестер јунајтед силно притиска за трансферот на младиот дефанзивец Џаред Брантвејт, но Евертон им одолева на понудите на Црвените ѓаволи. Вредноста на 22-годишниот стопер во моментов е 42 милиони евра, а Јунајтед за неговите услуги понуди 54 милиони евра, плус шест милиони евра во бонуси.
Сепак, ваквата понуда веднаш беше одбиена од страна на Евертон, од каде што се на ставот дека нивниот фудбалер вреди многу повеќе. Брантвејт за репрезентацијата на Англија дебитираше само пред еден месец на пријателскиот меч против Босна и Хецеговина, но селекторото Герет Саутгејт не му ја укажа довербата и не го повика за настап на Европското првенство во Германија.