Евра: Да беше како Кристијано Роналдо, Меси ќе имаше 15 Златни топки!

Некогашниот лев бек на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, го преферира својот екс соиграч Кристијано Роналдо пред Лионел Меси, а објасни и зошто.

Иако Роналдо сега е во Саудиска Арабија, а Меси беше најкорисен на Светско првенство, за Евра нема дилеми дека Португалецот треба да биде пред Аргентинецот на листата на најдобри на сите времиња.

„Го бирам Роналдо, не затоа што тој е мој брат, туку затоа што ја сакам неговата работна етика. На Меси, Бог му дал талент, а ако ја имаше истата работна етика како Роналдо, тој денеска веројатно ќе имаше околу 15 Златни топки. Заљубен сум во луѓето кои работат напорно, затоа го избирам Роналдо пред Меси“ – вели Евра.

- Оглас -

Најнови вести