Евра ја навредил ЛГБТ заедницата, му се заканува затвор од една година

Патрис Евра го славел поразот на ПСЖ и елиминацијата од Манчестер јунајтед, а притоа ги навредил и членовите на ЛГБТ заедницата употребувајќи го зборот „педе“, што има антихомосексуална конотација.

Реакција има од здружението што се бори за правата на геј-заедницата со најава за тужба. Евра според законот, може да се соочи дури и со затворска казна од една година и плус да плати 40 илјади евра.

Евра иако беше капитен на француската репрезентација, му се радуваше на поразот на ПСЖ и елиминацијата од Манчестер јунајтед, чиј член беше долго време.

- Оглас -

Најнови вести