Евра се враќа во Манчестер јунајтед

Патрис Евра ќе се врати во својот клуб, во Манчестер јунајтед, а има интересна понуда да биде амабасадор на клубот. Една од варијантите беше да го именуваат за спортски директор, но се поизвесно е дека ќе биде амбасадор на „црвените ѓаволи“.

Евра е еден од најомилените играчи од златната ера на Манчестер јунајтед, има 370 настапи за клубот и освои пет титули во Премиерлигата. Врв на кариерата му беше освојување на пехарот во Лигата на шампионите во 2008 година.

Евра во последно време е чест гостин на Ед Вудворд, актуелниот потпретседател на Манчестер јунајтед и оттаму е идеата Патрис да добие и официјална функција во клубот.

- Оглас -

Најнови вести