Евра: Во секој клуб има барем по двајца хомосексуалци

Патрис Евра, некогашниот лев бек на француската репрезентација и на Манчестер јунајтед, Јувентус и други големи клубови, верува дека во секој фудбалски тим има барем по двајца хомосексуалци, но тие не го откриваат тоа бидејќи на тој начин би им завршила кариерата.

„Во фудбалот ако кажете дека сте геј, готово е со вас. Додека играв во Англија, ни носеа луѓе кои ни збруваа за хомосексуалноста. Некои од моите колеги велеа дека тоа е против нивната религија, дека ќе си заминат ако дознаат дека делат соблекувална со некој геј. Јас сум играл со фудбалери кои се хомосексуалци, тие ми признаа бидејќи се плашат да зборуваат јавно. Во секој клуб има најмалку по двајца играчи кои се геј“, вели Евра.

- Оглас -

Најнови вести