Евробаскетот е многу далеку, одбраната и тројките на избраниците на Тодоров не функционираат

Македонската машка кошаркарска репрезентација со комплетен состав и мотивирано влезе во решавачкиот дуел со Естонија за место на Евробаскетот 2022, но по првото полувреме противникот води со 49-38. За да се пласира на ЕП, на македонскиот национален тим му треба победа од 10 или повеќе поени разлика, а тоа во овој момент делува како научна фантастика.

Тимот на селекторот Александар Тодоров дојде во посакуваната ситуација мечот со Естонија да одлучува, но Естонија помалку греши, даде многу поени и тоа ја прави задачата премногу тешка во пресрет на второто полувреме.

Бојан Трајковски со 14 поени е најефикасен, но лоша е реализацијата за три поени (3 погодени од 14 обиди), за разлика од Естонија, која од 11 обиди погоди пет тројки. Плус тоа, Македонија имаше дури 12 загубени топки (шест има само Ненад Димитријевиќ), наспроти пет на Естонија.

- Оглас -

Најнови вести