27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Еврогол на Барди во 90 минута за победа на Леванте (Видео)

Енис Барди е херојот на Леванте во победата на гостувањето кај Гранада. Македонскиот репрезентативец даде еврогол, откако со силен шут од околу 20 метри биеше неодбранливо, за радост на гостите во 90 минута. Погoдокот на Барди значеше и победа на Леванте од 2:1.

За Барди ова е 14-ти гол во шпанската лига, а осум му се со шутеви од надвор од 16-никот. Има и една традиција дека кога Барди дава гол, Леванте не губи.

 

- Оглас -

Најнови вести