Еврогол на Прогер ги скроти јарците од Келн (Видео)

Дарко Чурлинов се уште го чека дебито за Келн во сениорска конкуренција, а денеска неговите соиграчи доживеаја шокантен пораз од Падерборн, со три примени голови во последните десеттина минути.

Падерборн славеше со 3:2, иако имаше негатива од 0:2 до 73. минута, а голот на крилото Каи Прогер се чини ги шокира гостите.

Прогер постигна перфектен еврогол во 86. минута со кој ги скроти јарците од Келн. Израмни на 2:2 со удар што имаше чудна траекторија, но на ефектен начин заврши во мрежата на гостите. Потоа Келн остана со играч помалку и прими уште еден гол за пораз од 2:3 на гостувањето во Падерборн.

https://www.youtube.com/watch?v=FzDuRERKsrs

- Оглас -

Најнови вести