Еврогол на Ристовски во Словачка

Милан Ристовски е стрелец на единствениот гол за победа на Нитра на гостувањето кај Серед. Овој меч го имаше епитет на „македонско дерби“ во Словачка, ако се знае дека на спротивната страна на голот беше Дени Илиев, а тренер е Славчо Војнески.

Дуелот немаше погодоци се до 72 минута, кога беше досуден слободен удар за гостите, а младинскиот репрезентативец на Македонија ја превзема одговорноста да шутира. Од повеќе од 20 метри откосо, Ристовски одлично биеше, а Илиев иако се обиде да одбрани, топката беше прецизна и заврши во мрежата.

Со овој погодок Ристовски само потврдува дека е во одлична форма. За него ова е осми гол сезонава и е втор стрелец во лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести