Еврогол од 30 метри, Сити матиран во Саутемптон за пола час (Видео)

Екипата на Саутхемптон има водство од 2:0 против фаворизираниот Манчестер сити во четвртфиналето од Лига купот на Англија. Гостите се во комбиниран состав, па Едерсон не брани, а на клупата за резерви се Де Бројне, Халанд, Марез, Бернардо Силва…

Тоа го искористија играчите на Саутхемптон кои поведоа со 1:0 со голот на Мара во 23-тата минута. Најдобриот потег на мечот досега се случи во 28-мата минута, кога домаќините тргнаа во контранапад, а Џенепо забележа дека голманот Ортега е излезен далеку од својот гол и со прецизен лоб удар од 30-тина метри донесе нова радост за домаќините.

- Оглас -

Најнови вести