Еврогол во Кавадарци: Стојанов со „ножички“ донесе водство за Тиквеш (Видео)

Мартин Стојанов дефинитивно го направи потегот на сезоната во македонското фудбалско првенство, откако постигна гол со ножички на дуелот против Брера. Се играше 10 минута кога топката дојде до Стојанов, а овој на атрактивен начин шутираше и го матираше голманот на гостите за водство на Тиквеш од 1:0. По 37 минути игра, Тиквеш води со 3:1.

Во исто време со дуелот во Кавадарци, има и пресметка меѓу Работнички и Силекс на арената „Тодор Проески“ каде Романтичарите водат со 2:0 со 36 минути игра. Јован Поп Златанов беше стрелец на двата погодоци, во 13 и 34 минута.

Ова е евроголот на Стојанов.

- Оглас -

Најнови вести