Евроголот на Ињаки Вилијамс ја нокаутира Барселона, Атлетик Билбао е победник на шпанскиот Суперкуп (Видео)
Вистинска драма имаше во Севилја, Баскијците израмнија на 2:2 во последен момент, а потоа на сцена стапи челичниот напаѓач на Атлетик со прекрасен гол во продолжението за трет пехар во натпреварувањето за тимот од Билбао

Ињаки Вилијамс со еврогол во четвртата минута од првото продолжение го нокаутира шпанскиот рекордер, Барселона и му го донесе третиот пехар во Суперкупот на својот тим, Атлетик Билбао.
Финалето во Севилја беше исклучително возбудливо, а Баскијците израмнија на 2:2 во последен момент со голот на Вилјалибре во 90. минута.
Се играа продолженија од двапати по 15 минути, а одлуката за победникот во Суперкупот ја донесе Вилијамс со страшно ефектен гол во 94. минута.
OMG IÑAKI WILLIAMS HAS JUST DONE AN ABSOLUTE MADNESS IN THE SUPERCOPA.pic.twitter.com/bMCUPG9vep
— Jack J Collins (@jackjcollins) January 17, 2021
Барселона двапати водеше со головите на Антоан Гризман, но не успеа да победи по 14. рекорден пат во ова натпреварување.
Атлетик го освои третиот пехар, а на патот до големиот успех ги победи двата гиганти, Реал Мадрид со 2:1 во полуфиналето и вечерва Барселона со 3:2 во финалето.