Евроголови на Де Брујне и Шелби, Сити не победи (Видео)

Манчестер сити одигра само 2:2 на гостувањето кај Њукасл, иако фаворитот на два пати имаше предност. Граѓаните упатија 24 удари кон голот на домаќините, од кои девет беа во рамките на голот, постигнаа само два гола, а тоа не беше доволно.

Стерлинг погоди за водство на Сити во 22 минута, а само три минути подоцна, Њукасл со погодокот на Вилемс израмни на 1:1 по првиот дел. Во 82 минута, Кевин де Брујне даде фантастичен гол за нова предност на Сити, но Њукасл не се предаде.

Шелби врати со прекрасен гол во 88 минута за 2:2 и неочекуван кикс на Сити. Еден од најдобрите погодоци на Де Брујне во кариерата може да го погледнете ТУКА.

https://youtu.be/SWHOJOA4HD8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести