Евролигашка драма во Истанбул и Каунас, Анадолу Ефес и Виртус во финишот останаа без победи

Кошаркарите на Валенсија и на Жалгирис славеа над Анадолу Ефес, односно Виртус во првите натпревари од третото коло во Евролигата. Во Истанбул, Валенсија го изненади шампионот Анадолу Ефес, кој го претрпе вториот пораз по ред, овојпат со 92:91.

Првото полувреме го одбележа српскиот репрезентативец и бек на Анадолу Ефес, Василије Мициќ, кој за две четвртини постигна 17 поени, но на одмор се замина со нерешени 45:45. И второто полувреме помина во израмнета игра, најголемата предност во третата четвртина изнесуваше четири поени (51:47) за турскиот тим, додека во последниот период Анадолу имаше и седум поени предност (73:66), но во финишот гостите успеаја да се вратат во игра, па дури и да победат со 84:88. Предноста на Валенсија се стопи и на 14 секунди до крајот со тројката на Бобуа, Анадолу Ефес поведе со 91:90. Валенсија поведе со 91:92 благодарение на реализираните слободни фрлања на Џонс. Дилемите околу победникот беа решени на четири секунди до крајот, кога судиите по прегледување на снимката, топката ѝ ја доделија на Валенсија, што значеше триумф на шпанскиот тим.

Ова е прва победа за Валенсија од почетокот на сезоната во Евролигата, а најпрецизен беше Бојан Дубљевиќ со 20 поени, додека кај европскиот шампион прво име беше Мициќ со 22 поени и осум асистенции.

Шокантен пораз доживеа и Виртус на гостувањето кај Жалгирис од 68:65. Италијанскиот тим во финишот водеше со 60:65, но домаќините направија серија од 8:0 и ја забележаа првата победа сезонава во Евролигата.

Браздеикис со 14 и Смиртс со 13 поени го предводеа Жалгирис до победата, а кај гостите најефикасен беше Вимс со 15 поени.

- Оглас -

Најнови вести