Евролигашки хет-трик на Реал Мадрид против Фенербахче

Реал Мадрид има хет-трик победи против Фенербахче, откако вечерва го надигра турскиот гигант и славеше со 81:77 во дербито од првото коло во Евролигата.

Почетокот на мечот навестуваше убедлива победа на домаќините, кои одиграа извонредна прва четвртина што ја добија со 30:21.

Но, Фенербахче се разигра и на полувремето и замина само со еден поен негатива, или 43:42 за Реал Мадрид. Повторно домашниот тим направи предност од 9 поени разлика, а последниот период почна со 64:55 за најтрофејниот европски клуб.

Гостите се обидоа да направат пресврт, но не успеаја, па Реал нанижа трета победа против нив и стартуваше со победа во новото издание на Евролигата.

Џефри Тејлор со 19 поени беше најефикасен кај Реал Мадрид, а одлично одиграа и Рендолф со 15 поени и Факундо Кампацо со 14 поени и 8 асистенции.

Нандо де Коло беше најефикасен кај Фенер и на мечот со 22 поени, а Дерик Вилијамс уфрли 19 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести