Евролигата почна со комплетен успех на домашните екипи – Макаби се коцкаше, па едвај победи (Видео)

Евролигата почна во знакот на домашните екипи и сите четири тима што ја имаа предноста да играат на свој терен победија.

Најинтересно беше во Тел Авив, каде што Макаби во драматичен меч славеше со 69:68 против Баерн Минхен. Гордоста на Израел, како што е прекарот на Макаби, имаше предност од 17 поени, 37:20 во втората четвртина, но Германците со серија од 14:0 стигнаа до голем пресврт и предност од 8 поени разлика, 50:58 во третиот период.

Потоа следуваше нов голем пресврт и драматична завршница, во која Макаби победи со еден поен разлика.

Деби-меч во Евролигата одигра Монако и успеа да го победи грчкиот гигант Панатинаикос со 75:63. Милано беше подобар од ЦСКА Москва и победи со 84:74, а Реал Мадрид во дербито на првото коло го декласира Анадолу Ефес со 82:69.

 

 

- Оглас -

Најнови вести