Масовните протести во САД продолжуваат поради смртта на Џорџ Флојд, кој го загуби животот во рацете на полицијата во Минеаполис. Голем број спортски ѕвезди се приклучија на протестите, некои директно од местото на настанот, но и преку социјалните мрежи и медиумите, пробувајќи нивниот глас да се слушне.
И Евролигата даде поддршка во борбата против расизмот, сексуалната ориентација и религија така што испрати моќна порака со наслов „Не во мојот дом“.
Жељко Обрадовиќ, Џејси Керол, Карл Џенкинс, Ник Калатес, Василис Спанулис и Немања Недовиќ се дел од спотот кој го промовира Евролигата.