Евролигата призна дека судиите ѝ украдоа победа на Ѕвезда против Барселона (Видео)

Раководството на Евролигата објави соопштение во кое призна дека судиите направиле голем превид на мечот Црвена ѕвезда – Барселона кој се одигра синоќа и заврши со победа на Каталонците по продолжение, а екстра пет минути воопшто и не требаше да има.

Барса се спаси од пораз со луда тројка на Никола Миротиќ во последна секунда, но пред црногорскиот Шпанец да погоди, ја газеше аут линијата. И самиот Миротиќ после мечот рече дека фановите на Ѕвезда се во право што ги исвиркувале судиите.

Евролигата се огласи, и призна дека на 3,3 секунди ро крајот, судиите требало да видат дека Миротиќ е во аут и топката да му ја доделат на домашниот тим, кој во тој момент имаше предност од три поени разлика.

Ова е само мала утеха за Ѕвезда, бидејќи резултатот ќе остане истиот.

- Оглас -

Најнови вести