Европа чека: или Баерн, или сефте првак!

Титулата во Лигата на шампионите, в недела вечер ќе ја освои Баерн Минхен, ПСЖ, Лајпциг, Манчестер сити или Лион, а во ова друштво, германскиот првак е единствениот кој знае како е да се крене пехарот. Баерн пет пати бил европски првак, трипати во времето кога најсилното клупско натпреварување се играше како Куп на европски шампиони, а два трофеи им се во ЛШ, по актуелниот формат.

Отсуството на гиганти како Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, им дава надеж на некои клубови дека може за првпат да станат европски прваци. Ова особено се однесува на Сити и ПСЖ, чии раководства потрошија многу пари во последните години, и конечно може да им се исплати инвестицијата.

Од 2012 година не се случило титула во ЛШ да освои некој клуб на кого тоа му е прв трофеј. Тогаш европски првак стана Челзи, и тоа беше прва континентална титула за клубот кој во тоа време беше како ПСЖ и Сити сега, со доста скапи засилувања. Во периодот од 1991 до 1993 година, трипати по ред прва титула освојуваа Црвена ѕвезда, Барселона и Олимпик Марсеј, а во 1997 година, Борусија Дортмунд првпат се искачи на европскиот трон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести