Европа има две репрезентации што не знаат како се дава гол

Андора со прв гол и прва победа во евроквалификациски циклус го напушти друштвото на Сан Марино и Гибралтар, единствемите две селекции што ја немаат азтресено мрежата на ривалите во своите групи.

Сан Марино вечерва игра со Шкотска од 20.45 часот, а на „Хемпден парк“ во Глазгов доаѓа со неверојатна гол-разлика од 0:37 на седум натпревари во И групата, или со 5.3 примени во просек.

Тие се најслабата репрезентација во овие квалификации, а против Шкотите имаат исклучително лош биланс од 7 порази на седум меча и гол-разлика 0:21.

И Шкотите потфлија и немаат шанси за пласман на ЕП 2020 година, па може да се очекува ревија од голови на прекрасниот „Хемпден парк“, денеска од 18 часот.

Втората селекција од вкупно 55 што играат во квалификациите што не постигнала гол е Гибралтар. На пет дуели во Д групата имаат пет порази и гол-разлика 0:16.

Следна шанса за прв гол им е мечот во вторник на домашен терен против Грузија од 20.45 часот. И Грузијците немаат посебни мотиви, бидејќи ги загубија пансите преку квалификации да се пласираат на ЕП, па и тука може да се очекува ефикасен меч со многу голови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести