Европа подобра од тимот на Светот во Лејвер купот

Тимот на Европа ја одбрани титулата во Лејвер купот откако Александр Зверев го совлада Кевин Андерсон со 2-1 во сетови. Со таа победа тимот на Европа стигна до предност од 13-8, па мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Ник Киргиос немаше потреба да се одигра.

Единствен пораз во сингл-дуелите од тимот на Европа забележа само српскиот тенисер, пред два дена загуби од Андерсон, додека во двојки загубија Федерер и Ѓоковиќ од Андерсон и Сок и двоецот Федерер-Зверев од Иснер и Сок.

Купот кој се одржува во чест на легендарниот Род Лејвер, втора година по ред има ист победник, тимот на Европа успеа да ја одбрани титулата, а шанса за трета титула во низа ќе имаат следната година.

- Оглас -

Најнови вести