Европа против светот, кој би победил?

Францускиот „Л‘екип“ направи споредба на замислена фудбалска репрезентација на Европа и тим составен од играчи од сите други континенти. Нема сомнение дека кога би играле едни против други, тоа би бил многу интересен меч, кој би предизвикал внимание и кај публиката и кај спонзорите.

Во почетниот состав на Европа, според „Л‘екип“, би играле: Облак, Александер-Арнолд, Варан, Ван Дајк, Робертсон, Канте, Верати, Де Бројне, Мбапе, Стерлинг, Кристијано Роналдо.

Тимот на светот би бил во состав: Алисон, Хакими, Маркињос, Кулибали, Марсело, Каземиро, Валверде, Меси, Дибала, Нејмар, Агуеро.

Екипите се составени според формата на фудбалерите во сезоната 2019/20.

- Оглас -

Најнови вести