Европа со нетрпение го очекува епилогот од сагата со Кристијано Роналдо, а по ждрепката во Истанбул за фазата по групи во Лигата на шампионите можно е Португалецот да му биде противник на својот најголем ривал Лионел Меси веќе на стартот од луксузното натпреварување.
Се најавува трансфер на Роналдо во Манчестер сити и ако тоа се случи, ќе има мегадуели меѓу него и Меси.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1430936644870451205?s=20
Манчестер сити и Пари Сен Жермен се во истата А група во Лигата на шампионите, заедно со Лајпциг и Бриж, а засега сигурно е дека Меси ќе му биде и домаќин и ќе му гостува на својот поранешен тренер Пеп Гвардиола.
Засега Роналдо сè уште е член на Јувентус и ако не направи трансфер во Манчестер сити до 31 август, ќе игра за Старата дама и во Лигата на шампионите против Челзи, Зенит и Малме во првата фаза од ЛШ.
Можна е и трета варијанта, Роналдо и Меси да играат заедно за Пари Сен Жермен, откако денеска беше објавено дека менаџерот на Португалецот, Жорж Мендеш, е во Париз.
Меси летово како слободен играч се пресели во Барселона во ПСЖ, а иако звучи сензационално, можно е до 31 август да му се приклучи и Роналдо.

