Европската пролет на Динамо зависи од гостувањето во Милано

Динамо Загреб водеше со 3-1 до 93-тата минута и беше на прагот на осминафинале во Лигата на шампионите, прими два гола за пет минути и беше шокиран, па сега „модрите“ мора да прават математика што и како до место меѓу 16-те најдобри на Стариот Континент.

Сега Динамо и Шахтар имаат по пет бода, со тоа што Украинците се подобри во меѓусебните дуели. На Аријан Адеми и другарите им останува гостување кај Аталанта и домашен дуел со Манчестер сити. Ако ја победат Аталанта или одиграат нерешено, европската пролет им е сигурна, ќе остане само да се види дали во ЛШ или во Лигата на Европа.

Шахтар игра дома со Аталанта, а гостува кај Сити. Во оваа група ќе има голема драма и најверојатно последното коло ќе одлучува, но работите во свои раце ги држи Шахтар, а не Динамо, иако требаше да биде обратно.

Проблемот е што сега и Аталанта има теоретска шанса, па и тимот од Бергамо ќе сака да победи во последните две кола. Следното коло во оваа група е закажано за 26 ноември, уште отсега се знае дека ќе биде суперинтересно.

- Оглас -

Најнови вести