Европски фудбал денеска има во Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Албанија, Бугарија, Грција, но не и во Македонија

Шест меча од квалификациите во Лигата на Европа и уште 30 дуели во квалификациите од Конференциската лига на Европа се денеска на УЕФА програмата. Од толку мечеви кои се играат на меѓународна сцена, нема ниту еден македонски претставник.

Четирите македонски екипи кои обезбедија учество во европските купови (Шкендија, Шкупи, Струга ТЛ и Силекс), уште во јули ги завршија настапите, па Македонија ја сместија на дното на Европа. Само најаматерските првенства во Европа останаа без свои претставници во УЕФА натпреварувањата, а меѓу нив е и Македонија. Со осум порази од 12 меча и само шест дадени гола, не ни може да се очекува да се биде дел од Европа, каде останаа сите од нашата околина.

Европски возбудувања денеска ќе има со клубови од Србија (играат Партизан, Чукарички, Војводина), Босна и Херцеговина (Вележ), Хрватска (Риека и Осиек), Словенија (Мура и Олимпија Љубљана), Бугарија (Локомотив Пловдив и ЦСКА Софија), Албанија (Лачи и Теута) и Грција (ПАОК). На оваа фудбалска мапа на Европа уште во август е избришана Македонија и тоа поради очајните резултати на нашите претставници.

 

- Оглас -

Најнови вести