Европски гиганти на лицитација во Неапол – Инсиње е на продажба

Италијанските медиуми најавуваат разделба меѓу Наполи и капитенот Лоренцо Инсиње ова лето. Врската меѓу клубот и фудбалерот се влошила по елиминацијата на Наполи во Лигата на Европа од Арсенал, по што Инсиње беше критикуван од страна на навивачите.

Италијанскиот репрезентативец е еден од носителите на тимот од „Сан Паоло“, но се чини дека трпението на газдата Де Лаурентис му е при крај. Конечната одлука е Инсиње да биде продаден, а со тоа клубот ќе направи голем профит, со оглед на фактот дека фудбалерот потекнува од академијата на Наполи.

Наводно, 70 милиони евра би биле доволна сума за Де Лаурентис, а неколку европски гиганти веќе кројат планови како да го придобијат Италијанецот. Атак по неговиот потпис најавија Ливерпул, Челзи, ПСЖ, Баерн Минхен, Интер и Атлетико Мадрид.

Во минатото за него беа одбиени и суми кои ја достигнуваа границата од 100 милиони евра, но Инсиње моментално е во непрепознатлива форма, па токму затоа и неговата цена значително се намали.

- Оглас -

Најнови вести