Европски потоп на Југославија

Дарко Велковски со Риека и Крсте Велкоски со Сараево ќе играат во финалето во квалификациите за Лигата на Европа, а само нивните екипи од вкупно 12 што доаѓаат од регионот на поранешна Југославија денеска забележаа успех во полуфиналната фаза.

Риека со голвите на Есковал во 102-рата минута во првото продолжение и на Андријашевиќ во второто продолжение успеа да го елиминира украинскиот тим Колос. Дарко Велковски играше 50 минути и беше заменет со Лепињица.

Риека ќе му гостува на Копенхаген во финалето за пласман во фазата по групи во Лигата на Европа, а тој меч ќе се игра на први октомври.

Сараево го победи Будуќност од Подгорица со 2:1 во локалното дерби на Регионот и ќе има суперфинален меч против Селтик на домашен терен. Крсте Велковски играше во последните неколку минути на дуелот со Будуќност.

Останатите 9 екипи што играа денеска во полуфиналето од квалификациите за ЕЛ, а потекнуваат од државите на поранешна Југославија испаднаа.

Целје, Партизан, Мура, Зрински, Дрита, Шкендија, Будуќност, Војводина, Локомотива и Хајдук се елиминирани во полуфиналниот филтер за настап во Лигата на Европа.

Резултати: Арарат – Целје 1:0 по продолженија, Купс – Судува 2:0, Мол Фехервар – Ремс 4:2 на пенали, Плзен – Сондерјиске 3:0, Ростов – Макаби Хаифа 1:2, Бешикташ – Рио Аве 2:4 на пенали, Шарлроа – Партизан 2:1 по продолженија, ЦСКА Софија – Торшавн 3:1, Ѓургарден – Клуж 0:1, Флоријана – Флора 2:4 на пенали, Малме – Локомотива 5:0, Рига – Селтик 0:1, Розенборг – Аланијаспор 1:0, Стеауа – Либерец 0:2, Хапоел Бер Шива – Мадервел 3:0, АПОЕЛ – Зрински 4:2 на пенали, Копенхаген – Пјаст 3:0, Галатасарај – Хајдук 2:0, Гранада – Локомотив Тбилиси 2:0, Клаксвик – Динамо Тбилиси 6:1, Шериф – Дандалк 3:5 на пенали, Сараево – Будуќност 2:1, Шкендија – Тотенхем 1:3, Стандард – Војводина 2:1 по продолженија, Волфсбург – Десна 2:0, Милан – Боди Глимт 3:2, Базел – Анортозис 3:2, ЛАСК – Д. Стреда 7:0, Легија – Дрита 2:0, С. Гален – АЕК 0:1, Риека – Колос 2:0 по продолженија, Спортинг – Абердин 1:0, Вилјем втори – Г. Ренџерс 0:4.

 

- Оглас -

Најнови вести